ФАТЕНА СРЕДЕ АКЦИЈА СО НАЈДОБРИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАЖОТ – Тоа што следело е поголем ШОК

1.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФАТЕНА СРЕДЕ АКЦИЈА СО НАЈДОБРИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАЖОТ – Тоа што следело е поголем ШОК

Дури и кога ќе се обидете да скриете некоја тајна, особено ако станува збор за прељуба, вистината ќе се дознае некогаш, а тоа може да има катастрофални последици по бракот.

- Јас имам 45 години, а мојот сопруг има 46 години. Имаме синови на возраст од 18 и 21 година. Ние се заљубивме како деца, но во претходните пет години немаше повеќе љубов во нашиот брак, ја започнува својата приказнаедна Британка.

- Најдобриот пријател на мојот сопруг отсекогаш бил тука за мене, и во добри и во лоши времиња, и нашите семејства ги поминуваат своите одмори заедно. Тој е личноста на која и се обраќам кога сум во криза, објаснува таа.

Таа вели деканеодамна забележала дека секогаш кога е во негова близина се чувствувала воозбудено, а карантинот ја натерал да размислува за бракот.

- Сфатив колку сум несреќна. Нема љубов, а уште помалку секс. Си ветив дека во 2021 година ќе го средам животот и ќе продолжам сега кога децата пораснаа. Пред три месеци, најдобриот пријател на мојот сопруг дојде кај нас. Почнавме да разговараме и јас му се пожалив на мојот сопруг. И тој тогаш ми рече дека лошо се согласувал и со сопругата. Тогаш тој ми призна дека секогаш ме сакал. Почнавме да се бакнуваме, а потоа да се соблекуваме ... Бевме во сред акција на каучот, кога девојката на мојот постар син одеднаш се појави и нè фати на дело, вели таа.

- И реков да не кажува никому, а таа ми вети дека ќе молчи. Сепак, една недела подоцна, таа ми рече дека веќе не може да живее со таква тајна. Ја молев да не зборува, но залудно, на сите им раскажа што се случи и започна тоталниот хаос, додаде Британката

Таа додава дека не и е жал што бракот и завршил, но и пречи што сииновите не ја поддржуваат.

- Секако, ми пречи што моите синови не го поддржуваат мојот избор на кој било начин, но сфатив дека не сакам да го изгубам овој човек. Ја остави и сопругата, и ако сè оди како што треба, по карантинот ќе почнеме да живееме заедно, заклучила жената.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата