Сопругот и плаќа операции за да личи на Барби – ДОСЕГА ПОТРОШИЛ 30.000 ЕВРА (ФОТО)

1.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругот и плаќа операции за да личи на Барби – ДОСЕГА ПОТРОШИЛ 30.000 ЕВРА (ФОТО)

Чарли Филипс има 26 години и досега има направено две операции за зголемување на градите, ботокс и полнење на усни и не планира да престане.

Таа одлучила да се трансформира во најубавата жена на која некој може да помисли - Барби.

Оваа млада мајка била подложена на бројни хируршки и нехируршки зафати, ги истетовирала и усните и веѓите, а се проценува дека цената досега е само 30.000 евра - сето тоа го платил нејзиниот сопруг Рос, кому му се допаѓа нејзиниот нов изглед.

- Дефинитивно ми се допаѓа изгледот на Барби и би рекла дека таа е моја инспирација. Сакам мала половина, големи гради, големи усни, долга руса коса и убав тен. Едноставно се чувствувам попривлечно и имам поголема самодоверба - рече таа.

Со сопругот Рос е веќе пет години и вели дека не може да се засити од нејзиниот изглед.

 - Го сака тоа, плаќа за сите мои процедури, коса, естетика. Плати и за сите мои операции. - откри таа.

Чарли сега има планирано бројни операции кои ќе и помогнат да го постигне посакуваниот изглед, вклучувајќи операции на носот, брадата, образите и усните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата