Само неколку недели откако се пресели во редовите на шампионот ЛА Лејкерс, германскиот плејмејкер Денис Шредер веќе се заканува дека може да биде проблем за новиот шампионски тим. Како што пишуваат дел од американските медиуми, тој во јавноста во неколку наврати излегува со став дека нема да прифати да биде резервист во составот од ЛА, туку напротив, очекува место во стартната петорка на Лејкерс.

„Влегував од клупата во изминатите две години во Оклахома Сити и мислам дека треба да играм поголема улога. Заедно со Леброн и Ентони Дејвис, можам многу да помогнам како член на првата петорка“, изјавува Шредер.

Сепак, основните планови на Лејкерси се поразлични. Лејкерси ќе имаат тројца стартери со капацитет да постигнат 18 поени или повеќе, што ги прави најопасниот офанзивен тим во Лигата. Сега треба да видиме како Лејкерси ги решаваат јавните барања на Шредер.