“Долго размислував како би можеле овие силни емоции да се пренесат на публиката...“

Пред четири години поп пејачката Наташа Беквалац го издала последниот албум “Оригинал“ на кој се нашла баладата “Илјада нули“

Во тој период по кулоарите на естрадата се шушкало дека оваа нумера Мрина Туцаковиќ, автор на текстот, ја посветила на покојниот син Милош Радуловиќ. Марина овие претпоставки ги демантирала и истакнала дека таа нумера е посветена на ќерката Хана.

- Воопшто не е точно дека текстот на песната е посветена на мојот Милош. Со Наташа се договоривме да напишам песна посветена на нејзината керќичка, бидејќи таа ја викала “сине“ – објаснила.

Таа додала дека единствена песна која ја посветила на синот е “Мишо мој“ која ја снимила Ана Николиќ.

- Песната ја пишував во својот најтежок период од животот. Долго размислував кој би можел овие силни емоции да ги пренесе на публиката, тогаш изборот падна на Ана Николиќ, рекла Туцаковиќ