СКОПСКИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЧКИ СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ: КОРОНАТА им ја поремети работата

1.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКОПСКИТЕ СЕКСУАЛНИ РАБОТНИЧКИ СО НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ: КОРОНАТА им ја поремети работата

Десетина сексуални работнички кои својата таканаречена „тезга“ ја држат во реонот околу зградата на Македонската радио и телевизија, ноќната работа ја премостиле, па сега работат само преку ден. Причина за ваква новонастаната состојба, како што тврдат дел од жените е малиот број на клиенти во вечерните часови од кога во земјава се рашири коронавирусот.

Велат дека мал број на клиенти имало и во текот на летниот период, а иста состојба било се до пред десетина дена кога се договориле да „работат“ само преку ден. Некои од нив велат дека и поради коронавирусот побезбедно се чувствуваат кога работат преку ден, а навечер пак, имале проблеми и со полицијата која го „ловела“ нив, но и муштериите.

Повеќе на „Слободен печат

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата