РАСТА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА!

1.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РАСТА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА!

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот на раперот Стефан Ѓуриќ - Раста за уште 30 дена. Тој и Б.Л. во почетокот на октомври беа уапсени со сканк и кокаин. Притворот и на двајцата им е продолжен заради постоење околности кои укажуваат дека за кусо време би можеле да го повторат кривичното дело.  

На оваа одлука имаат право на жалба во рок од три дена. Против Раста и Б.Л,  се води истрага заради сомнеж дека извршиле кривично дело - недозволено производството и ставање во промет на опојни дроги, за кои им се заканува казна од три до 12 години затвор. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата