ФАНОВИТЕ РАСПАЛИЈА ПО РИТА ОРА: Ти си себична ковид лажга!

30.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ФАНОВИТЕ РАСПАЛИЈА ПО РИТА ОРА: Ти си себична ковид лажга!

Пејачката со косовско потеклоРита Ора ја разбесни британската јавност откако организираше журка за 30. роденден, прекршувајќи ги мерките против коронавирусот воведени во Велика Британија. Таа прославувала во лондонски ресторан со 30-тина гости иако се забранети секакви собирања, а земјата е во карантин. Британците заради овој нејзин гест ја нарекоа себична ковид-лажга.

- Мислите дека за вас не важат правилата зошто сте богати и познати?, напиша еден медицински работник.

Јавноста дополнително е револтирана зошто на видеата на социјалните мрежи се гледа дека гостинка е и моделот Кара Делевињ, која пред недела дена била во Лос Анџелес, а сега е на забава, додека во Британија сè уште важи правилото за двонеделен карантин при враќање од САД.

Рита им се извинила на својте следбеници на друштвените мрежи наведувајќи дека платила казна од 10.000 долари.

- Мојата одлука да направам журка беше емоционална. Се извинувам дека ги прекршив мерките и ги доведов луѓето во опасност. Сега сфаќам дека погрешив и ја преземам одговорноста во целост, рекла Ора во својата порака на социјалните мрежи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата