Интегра ги промовираше плановите: ШТИП ЌЕ СТАНЕ МАНЧЕСТЕР НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (видео)

29.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Интегра ги промовираше плановите: ШТИП ЌЕ СТАНЕ МАНЧЕСТЕР НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (видео)

Откако ветуваа неверојатни проекти за парламентарните избори како вселенски и астрономски центар и брзи возови, македонската јавност особено штипјани со нетрпение ги очекуваа проеките на Интегра за Штип на предвремените локални избори.

Интегра се одлучи да го кандитира Нигериецот Симеон Поликарп кој во Македонија е уште од студент кога за прв пат дошол преку програма за размена на студенти, а македонската јавност гоо запозна преку рекламни спотови каде рекламираше вода.

Сега тој заедно со Интегра ја претставија визијата за изгледот на Штип доколку Симеон стане градоначалник.

 Универзитетски град, затворен олимписки базен, спортска сала со 6 илјади седишта, концертна сала каде ќе се одржува Евровизија, нови модерни населби во градот, економски развој на идустриските капаците со кои Штип ќе стане новиот Манчестер на Југоисточна Европа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата