НАУЧНИЦИТЕ УТВРДИЈА: Земјината атммосфера некогаш била како на Венера

29.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАУЧНИЦИТЕ УТВРДИЈА: Земјината атммосфера некогаш била како на Венера

Научниците користеле ласер за топење на карпите и откриле дека раната атмосфера на нашата планета е токсична како онаа што ја има денес Венера, бидејќи во раниот развој на Земјата океаните од магма испуштиле токсични гасови во атмосферата.

Според научниците, објект со големина на Марс најверојатно паднал на младата Земја и тој удар произвел доволно енергија да ја стопи целата обвивка на Земјата - слојот помеѓу јадрото и кората - и да се претвори во магма.

Површината на Земјата била составена од океани од магма

Овој екстремно турбулентен настан уништил поголем дел од атмосферата и го заменил со нов во кој доминираат јаглерод диоксид и малку азот - сличен на составот на атмосферата што денес ја има Венера, а сличен на Марс.

Овие откритија доаѓаат од научна студија спроведена од Паоло Сози и неговиот тим од швајцарскиот универзитет во Цирих, која беше објавена во списанието Science Advanceis под наслов „Океаните од магма на Земјата и нејзината рана атмосфера слична на Венера“, пренесува Раша Тудеј.

За да го открие карактерот на раната атмосфера на Земјата, тимот се обидел да ги реконструира условите во тоа време со поставување на мало парче карпа во млаз гас и топење со ласер на температура од 1900 степени Целзиусови.

Стопените карпи биле мала верзија на раната Земја

„Оваа мала стопена карпа на скоро 2.000 степени е еден вид минијатурна Земја во течна состојба“, објаснува Сози.

Користејќи различни гасови во млаз што ги расфрлале над дел од стопената карпа, истражувачите успеале да реконструираат различни атмосферски услови што им овозможиле да утврдат кои најдобро одговараат на примероците на обвивката на Земјата и геолошките траги.

Така, тие дошле до заклучок дека доколку се олади атмосферата ослободена од океанот од магма во раната Земја, ќе потсети на тоа што денес владее со Венера. Според научниците, ова укажува на тоа дека сегашните разлики помеѓу атмосферата на Земјата и Венера, всушност, ги рефлектираат настаните по формирањето на двете планети.

Кога магмата се оладила, атмосферата била како на Венера

Бидејќи нашата планета е доволно голема, нејзината гравитациска сила успева да ја задржи атмосферата на место, за разлика од Марс, а положбата што ја има Земјата во Сончевиот систем исто така ја прави доволно студена во споредба со Венера, втора планета од Сонцето.

Ова значи дека, за разлика од Венера, водата останува во течна состојба на површината на Земјата и може да апсорбира јаглерод диоксид од атмосферата за да спречи планетата да се прегрее - и уште поважно - да создаде и одржува услови неопходни за живот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата