Хрватската поп-пејачка Северина Којиќ деновиве е во центарот на вниманието поради наводно неверство кон нејзиниот сопруг Игор Којиќ. Како што пишуваа медиумите Северина е во врска со сопственикот на винарија, Томислав Воштиниќ, а пејачката засега не ја негира оваа романса.

За Северина, ова е само уште еден во низата медиумски скандали во нејзината кариера, а секако најголемиот што се случи во 2004 година. Во мај истата година се појави 11-минутно видео од нејзината интимна врска со нејзиниот поранешен емотивен партнер, хрватскиот претприемач Милан Лучиќ. Во тој момент таа беше верена со Сречко Варгек, со кого раскина неколку месеци подоцна.

Домашното видео на Северина предизвика лавина реакции во јавноста и дури и по толку години се уште се коментира. Северина и Лучиќ ја започнаа својата врска во 2000 година. Се зборуваше дека таа од него добивала скапи подароци, дури и дека дури добила коњ, кој подоцна го продала.

Медиумите пишуваа дека Лучиќ наводно ја изневерил својата бремена сопруга со Северина, која му прости и со која и денес е во брак. Овој пар, како што беше напишано, раскина откако сопругата на Лучиќ се породи и кога Северина сфати дека нема да го напушти семејството.

Во 2017 година, Лучиќ беше дел во друг скандал. Имено, тој и уште неколку лица беа уапсени во акцијата Ускок под сомнение дека незаконски стекнале неколку милиони евра од стечајни компании низ повеќегодишна проневера. Според медиумите, бизнисменот намерно ја довел својата компанија во банкрот, а стечајниот управник со кој имал договор му овозможил преку друга компанија да извлече вредна недвижност од стечај, да ја продаде и да заработи милионска сума