СВЕТОТ ПОД ЗАКАНА ОД НОВ ВИРУС-Повторно доаѓа од Кина, а еве кои се симптомите

27.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВЕТОТ ПОД ЗАКАНА ОД НОВ ВИРУС-Повторно доаѓа од Кина, а еве кои се симптомите

Во југозападната кинеска покраина Сичуан се шири норовирусот, со кој заразени се над 50 деца.

„Вирусот се појавил во градинка во градот Зигонг во покраината Сичуан, каде што децата пројавиле симптоми со повраќање – објави кинески „Глобал тајмс”.

Норовирусот е многу заразен вирус кој предизвикува повраќање и дијареа. Од вирусот, кој многу лесно се шири, може да се заразат лица на сите возрасти. Луѓето заразени со норовирусот можат да исфрлат милијарда честички на вирусот, а само неколку вирусни честички можат да ги заразат другите луѓе околу нив.

По епидемиолошките испитувања и тестови на нуклеинска киселина, Центарот за контрола на болести (ЦДЦ) потврди дека повраќањето е предизвикано од заразување со норовирусот.

„Сите деца се во стабилна состојба и се лекуваат во болница со благи симптоми – додаваат претставници на здравствениот оддел.

Во текот на минатиот месец вирусот се појавил и во неколку училишта и универзитети во североисточната кинеска покраина Лиаонинг и северната кинеска покраина Шанси.

Засега нема вакцина против норовирусот.

Со норовирусот се заразуваат 685 милиони лица низ светот на годишно ниво и сè повеќе се појавува како проблем на јавното здравство во Кина.

„Во февруари 2019 година, кинеските власти одобрија клиничко испитување за првата тетравалентна вакцина во светот против вирусот. Вакцината, по четири години развој, теоретски може да спречи заразување со норовирусот од 80 до 90 отсто – објави кинеската новинска агенција „Синхуа“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата