Понеделнички

Стани Бранко, се растури стадото (Репринт)

1.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стани Бранко, се растури стадото (Репринт)

Бранко друже те нема што те нема, а не ми е јасно зошто е така. Заев почна дури и свежи плавиши да носи у партија при тебе жив, а ти дремеш негде со тие два-три пријатели што ти останаа. Дреми Бранко, ама стадото ти се разбега.

Памтам, негде во 1992, кога се кандиса да бидеш шеф на партија дојден директно од трик пирамидата за брзи пари пет плус пет што ја муљавте со Пепи Чемерикиќ и лепо друштво, за славната реченица како предводник на младите сили меѓу твоите заспани комунисти од Перо Гошев па до Милан Панчевски: Со ситни душа држава не се праи, кажа Бранко и му го зема премиерското место на професорот Кљусев.

И тргна Бранко да праиш држава! Го собравте Киро од Кошутњак во Београд со камион на Миле од ЗУС, го донесовте да биде председник на државата што се праи. А ти јес да си од моето славно Дебарца, ама ипак млад и навидум наивен. Ти ги сместија Киро и Ксенте Богоев од МАНУ своите роднини и деца на пријатели, од Фрче преку Јане Миљовски до Денко Малески, да ти се најдат при рака, за секој случај. И, ти ебаа мајката сите тие по ред.

Ама, колку и да те работеле сите они заедно, стап како од Заев немаш примено од тогаш до сега. Овој, друже, те посипа со пепел а слушам дека уште си жив, иако не им верувам на тие гласини до крај. Можда Заев те има негде мумифицирано, како Сталин што го балсамирал Ленин, и само се чека ден да те смести во музејон на ВМРО. Да го гледаат славниот Бранко што го напраи СДСМ, и праеше држава, се додека не се појави Заев да ја сјебе од корен. И партијата и државата.

Ако е така знам дека Шилегов со Енвер Малиќи пијат по една ракија секое сабајле, за твоја душа.

Слушам викаат твоиве: Стани Бранко, ја сјебаа државата и стадото твое се растури. Ни камен на камен не остана ни од Македонија, ни од она твое СДСМ. Дојде време младиве да се мислат дали да бараат бугарски пасош, или одма и директ да се приклучат на бегалцине од Сирија што одат за Германија.

Стани Бранко, Заев Нобеловецот забегал до таму што синот на Пандета Колемишевски од Нова Македонија, Кире, го стави заменик министер, директно од свирка со Нокаут во владина фотеља. Панде пак те предаде и продаде друже. Потпретседател на партијата ти е Коста Петров, детено што има еден спот со непозната музика. Стани, советничка на Заев му е певаљкана Цвета Ласкова, на Љубе Бошкоски омилената од времето, а сега и Љубе му е советник за странски инвестиции. Еј, за странски инвестиции! Да си стварно жив друже, ти само за ова би експлодирал и би го решил твојон Заев, или би се шлогирал. Не ми е познато што од ова се случило, иако Заев гледам уште е во фотељата.

Стани Бранко, партијана ти е збирштина на пропали музичари, дилери на марихуана, трговци со шајки и ајвари, фали уште Соња Николовска од ТАТ да ја стаат гувернер.

Какво време е ова друже, прв другар на премиерот, на Рада и весело друштво им е травсетит што млати милиони од рекет додека твоиве го покриваат, а некои богами и наплаќаат, во тоа ни ти ни ја не се сумњаме. Имаше и ти твои судијки, не дека немало тоа у твое време, ама не и цели судови и обвинителства. Не успеа да бидеш како Нобеловецот Заев ни кога во еден ден смени 200 судии и обвинители. Меракот да се контролира суд и полиција ви е во ген на комунистите, ама ипак не ти не успеа како него. Тогаш бар малку постоеше свест и совест.

Се осеќаш ли одговорен кога твојот Заев збори дека го заебале педери, додека некои други мрчеле и палмуделе... Како пред задруга да е. Се сликаат со фамилиите им по Бахами, најскапи ски центри, возат Бентлија и Мајбаси, Рада шета дотерана бетер од Боки 13, нејзиниот куќен пријател... За тоа ли се бореше ти друже? Па ти еднаш на пијано се учука со Поло во бандера, онде накај Капиштец, и тоа беше криено како државна тајна. А сега?

Сега во Пасатот на инспекторот Фатим фатиле пренос на дрога, и? Никому не му чуе за тоа друже. Сега сме ние земја на марихуаната, кој се потресуе за полицаец дилер. Никој. Утре човекот ќе работи комерцијалист за Вицето, се покажал.

Јес да си се палел стално на вмровски песни, ама ништо од песните не си научил. Се лупаше цел живот у груди дека си ја градел Македонија, ама твоиве сега касапите од УЧК што ги сечеа работниците од Маврово ги ставаат за министри. Министер за култура ти е лекар од ДУИ, а надворешни ти води детено на бугарашите Димитар и Ратка. Министерка за финансии сега е малана плавуша Нина од Групер, или Групен, незнам како точно и се вика фирмата ама знам од пријатели дека е пациент на болната амбиција на мајкаи. Сега таа треба да мешетари со три и кусур милијарди од буџет откако ќе и стасаат пусулчињата од Заев и Анѓушев што треба да праи дента. Да друже, оној Анѓушев од Велес што влечеше жици да праи шајки сега ти е главна манга у влада. Поштено си плаќа за тоа.

Ова ти го пишувам Бранко ако стварно не знаеш, не гледаш телевизија и не читаш по интернет, а скоро сум сигурен дека такво ти е стањето. Да е поинаку, би те виделе на мегдан да ја браниш Македонија, да ја чуваш својата партија и одбраниш своето име, своето време, биографија и историја. Ама јок, Бранко го нема.

Да беше стварно жив Бранко немаше да дозволиш деновиве, пак, Заев да се фали сосе онаа министерката му Славица или Зорица дека сме рај за инвестиции, а во исто време Народна банка да објави дека во 2019 ние имаме само 49 милиони евра од инвеститорите. Нашана Србија Бранко, истава година, има близу две милијарди евра од инвестиции, а твојон Заев има помалку инвеститори од Крушевац или Параќин. Он со Заеви има повеќе пари сам отколку што дале сите инвеститори во Македонија годинава. Поголем е инвеститорот на Заев, оној Биг Мајк, кралот на марихуана што го бркаат десет години по светов, отколку сите инвеститори во Македонија заедно. И, така ли треба друже, а?

У реду ли е премиер твој да прима личен бизнис партнер во влада и да договара ширење на марихуана во Македонија, а Заеви имаат монопол на таа дрога. Со Филипче и Анѓушев бизниси тераат во влада, а не плаќаат кирија за канцеларии на владата. Сети се само дека со лажнион Порошенко од премиерски телефон договараше заеднички бизнис во фабрика за чоколади! Сите ли ќе треба да пушиме од неговата марихуана и онака, полусвесни, да гласаме за него. И додека они товарат милиони, народ се забавља со сликање фискални.

А да беше стварно жив, и при разум, кога ќе ја видеше министеркана за странски иневстиции која никој не ја знае, Славица или Зорица и беше името, јебига, како ја прашуе новинар да каже бар некоја инвестиција на оваа влада а она губи воздух, превртуе со очи и се фемка и не знае, друже, ни една, ама ниту една инвестиција на владава на Заев. Ќе ти пукнеше филм, ко на секој нормален човек со биографија. Ама јок, Бранко го нема. Толку ли си грешен друже што не смееш да гукнеш.

Се разбега стадото пријатељу. Ги нема Игор Шема, професорон Узунов, Гордан Георгиев, Зоки Јовановски, Данева, ја нема ни Софија Куновска... фаци за пример. Се собрале лешпери во твојата куќа и ја растураат, камен по камен. Како да не си жив, скраја да е чувај Боже.

А твоите те бараат. Ене, оној што има профил Реган на Твитер терал анкета и од сите четири премиери на твојата СДСМ 45% се за тебе, а за Заев се само 12%. Хари, нашиот заеднички пријтаељ, замисли го бараат 25%. Дупло од твојот Заев друже.

Некои од твоиве сакаа да те принтаат по маици: Врати се Бранко! ама ја им викам не претерујте, не барајте беља. Не му прајте ремет на Нобеловецот. Последнине од СЈО што ги штампаа по маици не се прославија, па сега министерката за финансии ќе ги продава маиците со СЈО со бонови и попуст на нејзиниот Групен. Човек додека не е покоен не се штампа по маици, секогаш може да ја оплеска работата.

Стани Бранко ако си уште жив. Твојон Заев ветува секому што сака да чуе, и ги товари Мајбасите и Јагуарите накај Бугарија. Ме потсеќа Заев на еден виц од Реџо Балиќ, морам тебе како на роден сарајлија да ти го кажам у оргинал, за на крај.

Gledala gatara u Vranje čoveku u dlan, kakva će da mu bidne sudbina razumeš, pa kaže:

- Do 37-me godine mnogo će se mučiš i neće imaš pare

- A posle? pita je čovek

- E, posle će se navikneš

Стани Бранко, спасуј го стадото ако си уште тука, ако те има. Ако па стварно Заев те балсамирал, тогаш обеќавам дека ќе барам карта да те посетам у музејон на ВМРО. Таму кај што се Македонците. Ти лежи, а ја одам даље, работа ме чека.

(02.09.2019)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата