ПОСЛЕДЕН ПАТ ИМАВМЕ С*КС ПРЕД 4 ГОДИНИ, проблемот е во сопругот, а не сакам да го оставам

25.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОСЛЕДЕН ПАТ ИМАВМЕ С*КС ПРЕД 4 ГОДИНИ, проблемот е во сопругот, а не сакам да го оставам

Последен пат имав с*кс со сопругот пред четири години на нашиот меден месец. Се чувствувам толку отфрлено и запоставено. Тој има проблеми со одржување на ерекцијата поради дијабетесот, но не сака да разговара со докторот за тоа, се пожалила една жена на сајт за љубовни проблеми на Интернет.

Таа открива дека тие двајца отсекогаш имале возбудлив сексуален живот, но откако на нејзиниот сопруг му дијагностицирале дијабетес, тој повеќе не сакал ниту да размислува за секс.

- Јас сум 40-годишна жена и копнеам да ме сакаат. Тој има 42 години и е само тврдоглав. Не се ни гушкаме во кревет - напиша таа и побара помош.

Одговорот кој го добила е да разговараат дали тој се чувствува понижено.

- Треба да му дадете до знаење дека неговиот срам може да ја уништи вашата врска и дека не треба да дозволите тоа да се случи. Ако се консултира со лекар, тој ќе може да добие помош, но може да најде и поддршка во разни групи за дијабетичари. Исто така, имајте на ум дека постојат многу начини да се задоволите едни со други, а не преку секс - беше одговорот кој го добила.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата