Металург ќе го почека првиот меч на домашен терен во Лига Европа. Дуелот против АОН Фајверс кој требаше да се одигра во вторник е откажан, поритади позитивен случај на Ковид-19 во таборот на гостинскиот тим.

Според протоколите во Австрија целиот клуб мораше да замине во изолација, па ЕХФ мораше да го одложи овој дуел.

Металург оваа сезона одигра два меча, на гостински терен против Тулуз и Адемар, додека две средби на домашен терен се одложени, во второто коло против Висла, поради позитивен ракометар на коронавирус во редовите на македонскиот клуб, и сега дуелот со Фајверс.