Шефилд Јунајтед се распаѓа и како што стојат работите оваа сезона ќе се бори за опстанок. „Сабјите“ минатата сезона беа пријатно изненадување, долго беа конкуренти за излез во Европа, а во оваа се заковани на дното на табелата после девет одиграни кола. Денеска на домашен терен Шефилд загуби од Вест Хем со 0:1. Голот за гостите го постигна Себастијан Але во 56 минута. Иако „црвено-белите“ имаа повеќе шанси сепак не успеаја да спасат барем бод на овој натпревар.

Тимот на Крис Вајдлер има само еден бод, она реми со Фулам. Се друго им се порази.

Англичаните за вакво нешто имаат израз: One season wonder (Чудо за една сезона).

Standings provided by SofaScore LiveScore