Серијата од пет победи во низа на Бутел Скопје заврши, а главен „виновник“ е тимот на Работнички, кој на гостински терен славеше со 21-23.

Ракометарите на Работнички сосема заслужено го добија дуелот со лидерот во групата Б, имаа водство во текот на целиот меч, домашниот состав ниту еднаш не успеа да поведе. Гостите отворија со 1-3, на другата страна избраниците на Кристијан Грчевски имаа шанса да направат пресврт, но единствено што успеваа да направат е да изедначат.

Работнички на одморот замина со минимални 11-12. Многумина мислеа дека ќе има промена на сликата на теренот, но тоа не се случи, гостинските ракометари одржуваа позитива од два до три гола, на крајот славеа со 21-23.

Ончев со седум гола и Крстевски со еден помалку беа главните лидери кај победникот, на другата страна Ѓеоргиевски имаше пет гола.

Во денешниот прв меч од истата група, Тиквеш беше подобар од Младост со 32-25.