Словачката скијачка Петра Влхова оствари двојна победа во финскиот Леви во слалом. Словачката славеше вчера тесно пред Микеле Шифрин и Катарине Линсбергер, а денеска славеше со дури 31 стотинка предност пред Мишел Гисин. Трета беше Линсбергер, а четврта Венди Холденер додека Шифрин денешната трка ја заврши на петтото место.

Влхова води во генералниот поредок во слалом со 200 бодови пред Линсбергер која има 120 бодови.