Македонија ЃП не знае за доста. Не само што го победи Работнички на Арената со 3:1 туку со тие три бода директно се вмеша во битката за титулата. Сега “лавовите“ се рамо до рамо со Шкендија и Шкупи, сите три екипи по 12.коло се на два бода разлика. Шкендија 26, Македонија ЃП 25, Шкупи 24. Ќе биде жестоко, тука нема дилеми.
Се разбира дека треба да им се честита на “лавовите“, но треба да им се упати и критика на „романтичарите“ кои просто им дозволија на “лавовите“ уште во првите дваесет минути да го решат мечот. Така не се игра во ПМФЛ, така не игра Работнички, оној вистинскиот Работнички кој го познаваме. Тим кој заборавил кога последен пат победил во ПМФЛ.
Еве го и тој податок, на гости кај Ренова и тоа на 13 септември. И затоа сега му претстои жестока битка за опстанок.