Игор Стефановски – Иџе за време на втората трка на „Имола“ беше истуркан од патеката, но се врати и успеа да освои бодови.

Нашиот најдобар автомобилист беше второпласиран и се бореше да се искачи на подиумот, но по еден дуел со Џакон, беше истуркан. Стефановски некако се врати во трката, влезе во боксот, и успеа да дојде до 10. место, што на крајот значеше освојување на пет бода.

По истуркувањето беше 16-ти.

Ова беше последна трка во ТЦР-шампионатот во Италија за оваа година.