Силекс – Беласица 0:1 (0:0)

Стадион на Силекс во Кратово

Без гледачи

Главен судија: Марјан Стојановски (Кичево) Помошници: Куштрим Лика (Кичево) Слаѓан Маркоски (Гостивар)

Стрелци: Каланоски 88‘ (Б)

Ж.картони: Мустафов, Костовски (С) Серафимовски, Калпачки, Митевски (Б)

Играч на натпревар: Антонио Каланоски (Б)

Силекс: Трајковски, Драшковиќ, Грозданоски, Ѓуриќ (Додевски 64‘), Серафимовски, Мустафов, Ристов (Кировски 84‘), Тимовски, Нешовски (Костовски 56‘), Карчески, Тантуровски

Беласица: Ѓоргиев, Милушев, Размоски, Сулев (Сулев 87‘), Калпачки, Митевски, Серафимовски, Михаилов (Коцев 55‘), Бајрами, Каланоски, Силва

Со голот на Антонио Каланоски во самиот финиш на мечот, тимот на Беласица оствари огромна, можеби клучна победа во годинешниот шампионат против Силекс на гостински терен од 0:1, и на тој начин веројатно го направи првиот но многу битен чекор во обидот да се спаси од испаѓање сезонава.

Во дуел во кој Струмичани потполно заслужија не само да останат непоразени туку и да победат, го направија токму тоа. Одиграа максимално, се бореа за секоја топка, а ете среќата ги посака и погодија кога беше најпотребно.

Бразилелецот Силва испрати една одлична топка во контра напад за Каланоски овој излезе сам косо пред Трајковски и прекрасно погоди под пречка. Шокираните домаќини очигледно немаа решение до крајот на мечот нешто да сторат, а и претходно не дека нешто посебно одиграа. Ангелче Тимовски го имаше зицерот во 80. минута но  топката мина сантиметри покрај стативата.

Ова беше првиот меч за тимот на Силекс, откако почина нивниот долгогодишен прв човек Љубисав Иванов Ѕинго.