Ардијан Аземи, македонскиот боксер го освои бронзениот медал на младинското Европско првенство во Будва. Денеска му беше доделен на свечена церемонија.

Аземи беше поразен во полуфиналето од русинот Владислав Комаров во категорија до 91 килограм. Ова беше прв медал за Македонија по 25 години, откако Примислав Димовски го освои во 1995 година.