Академија Пандев – Пелистер 3:2  (2:1)

Спортски Центар „Пандев“ Струмица

Без гледачи

Главен судија: Јосип Бартон (Скопје) Помошници: Иса Емрули, Александар Ѓорѓески (Тетово)

Стрелци: Миловановиќ 8‘ , Драгарски 40‘ (аг)  Радески 88‘ (п) (АП)Кочоски 17‘ (п) 61‘ (п) (П)

Ж.картони: Томовски, Алчевски, Крстовски, Николов, Радески, ПАндев (АП) Борха, Поповски, Драгарски, Спиркоски (П)

Играч на натпревар: Марјан Радески (АП)

А.Пандев: Алчевски, Димов, Илиев, Николов, Миловановиќ (МАслаќ 55‘), Велиновски (Талаков 86‘), Радески, Томовски, Димоски, Серафимов (ПАндев 73‘), Трапановски (Крстовски 55‘)

Пелистер: Талески, Илиевски, Спиркоски, Хот, Бошковски, Борха, Кочоски (НЕто 79‘), Фазлију, Поповски (Николовски 86‘), Драгарски, Талевски (Маневски 57‘)

Тимот на Академија Пандев успеа да прокнижи уште една победа во овогодинешниот шампионат и тоа на домашен терен совладувајќи го тимот на Пелистер со конечни 3:2.

Ова е првиот триумф кој оваа екипа го остварува откако игра на својот спортски комплекс, а истиот го донесе Марјан Радески во 88. минута откако беше прецизен од белата точка.

Претходно, домаќинот на два пати водеше на овој меч но на два пати не успеа да го сочува водството затоа што Пелистер преку Валентин Кочоски израмнуваше и на 1:1, но и на 2:2.

Домаќинот не знае да задржи водство

Ако нешто посакуваше тимот на Академија Пандев на овој меч, тоа беше брзо водсво и истото го доби. Даниел Миловановиќ со удар од дистанца ефектно погодува за 1:0 и сите помислија дека мечот ќе замине во мирни води за домашните. Но Академија Пандев сезонава едноставно има проблем да ги добива мечевите. Старт на Серафимов врз Хот и судијата БАртон покажува на белата точка. ВАлентин Кочоски во 18. минута реализира за 1:1. Во првиот дел двата тима повеќе немаа ситуации за гол но не значи дека погодок немаше.

Кристијан Драгарски си го постигна веројатно најефектниот автогол некогаш виден на нашите терени. Погоди со прекрасен лоб удар од преку дваесет метри, Талески не моќен.

Во второто полувреме, домашните не се обидоа веднаш да напраднат и да дојдат до двојно водство, а тоа им се удри од глава. Филип Бошковски одлично реагира на една топка во празно во шеснаесетникот, стигнува до неа пред Алчевски кој стартува врз Бошковски и тоа е нов пенал за Пелистер. Уште еднаш, прецизен Валентин Кочоски.

Радески сигурен кога е најпотребно

Во последните моменти од мечот кога се мислеше дека овој меч ќе заврши без победник сепак, домашните дојдоа до посакуваното водство, трето на овој меч.

Марио Крстовски проба да прими една топка во шеснаесетникот на Пелистер, врз него стартуваше Кристијан Драгарски, а судијата Јосип Бартон по трет пат на овој меч овојпат за Академија Пандев се одлучи да покаже на белата точка. Одговорноста ја презема Марјан Радески и погоди во долниот десен голманов агол.