Skip to main content
x

22 Nov 2020 - 15:10
redakcija
Статија

Завршија сите натпревари од 12.коло во ПМФЛ. Бурно дерби под Шара меѓу Шкендија и Шкупи, на крајот сепак без победник, Веројатно ова е и најреалниот исход на овој меч. Македонија ЃП одигра уште еден блескав меч и успеа среде Градски парк со 3:1 да го победи Работнички. Сега оваа екипа е втора со бод помалку од Шкендија и со бод повеќе од третиот Шкупи. Академија Пандев со многу мака, сепак дојде до екстра значајни три бода на мечот со Пелистер. На оваа средба покажани беа дури три пенали.

Кога игра дома Струга Трим Лум тука нема дилеми, нова победа на стружани, овојпат против Ренова и тоа со 1:0.

Шок за Силекс среде Кратово. Апсолутниот аутсајдер Беласица со 1:0 славеше победа, втора сезонава. Силекс е во катастрофална криза.

РЕЗУЛТАТИ – 12.КОЛО

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 1:1

(Елези 45+2./Адеми 52.)

РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:3

(Адем (авт) 33./ Петров 8., Адем (п) 23, Фернандо 53.)

А.ПАНДЕВ – ПЕЛИСТЕР 3:2

(Миловановиќ 8., Драгарски (авт) 40., Радески (п) 88/Кочоски (п) 17., (п) 61.)

СИЛЕКС – БЕЛАСИЦА 0:1

(/Каланоски 87.)

СТРУГА ТЛ – РЕНОВА 1:0

(Цаке 33./)

ВЧЕРА:

БОРЕЦ – ВАРДАР 0:2

(/Попзлатанов 80., Цветановски 90.)

sportmedia.mk

Најчитани вести