(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, симболично порачувајќи дека Филипче треба да облече бел мантил и да види како стојат работите во болниците, а Шилегов да се откаже од украсувањето и парите да ги пренамени за справување со корона-кризата.

Јелена Жугиќ, која е советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека лампионите на кои стои вредноста од 200 илјади евра, чинат 15 нови болнички возила.

„Ако му е до лампиони, еве му лампиони, и тоа необични и приближно верни на оригиналот на кој ја пишува и неговата омилена цифра 200 илјади евра, само и само да се откаже од лудото, неразумно трошење на народните пари“, рече Жугиќ.

Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека крајно време е министерот за здравство Венко Филипче да облече бел мантил, да се соочи со реалноста и да оди помеѓу здравствените работници и пациентите каде што му е местото.

„Ако Венко си го заборавил белиот мантил, поради неговите прес конференции, денес ние му подаруваме еден. Не случајно мантилот е за еднократна употреба. Исти вакви мантили здравствените работници ги носат во текот на целиот ден или по неколку дена, дури и мораат да ги хефтаат, лепат кога ќе се скинат, затоа што немаат други“, рече Андоновска.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата