Истражуваа со години и утврдија: ОВАА ХРАНА СОЗДАВА ЗАВИСНОСТ, КАКО АЛКОХОЛОТ И ЦИГАРИТЕ

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истражуваа со години и утврдија: ОВАА ХРАНА СОЗДАВА ЗАВИСНОСТ, КАКО АЛКОХОЛОТ И ЦИГАРИТЕ

Некои видови храна можат да создадат зависност силна и влијателна врз психата и нагоните како и алкохолот или цигарите, па дури и како лесните дроги, утврдија научниците.

Научниците долго време се прашуваа дали некој може да стане зависен од храна. Има извештаи дека луѓето губат контрола над тоа колку јадат или доживуваат симптоми на зависност кога нагло ќе престанат, исто како што се случува со апстиненција од алкохол и дрога.

За прв пат, група експерти проучуваа кои видови храна можат да предизвикаат најголема зависност. Во студијата учествувале 520 испитаници, студенти од Универзитетот во Мичиген и возрасни кои конзумирале 35 видови храна, од пица до брокула, и одговориле на прашањата дали сметаат дека имаат проблем со контролирање на количините на секој вид на јадење.

Најголема зависност создава - пицата!

На врвот на списокот на зависности се наоѓаа пици, чоколадо, чипс, колачиња, сладолед и помфрит, сите се сметаат за преработена храна. Следуваше сирење и сланина, која не е преработена храна, но е богата со маснотии и сол. Овошјето и зеленчукот беа на дното на листата.

- Слично на начинот на обработка на лековите за да се зголеми нивниот потенцијал за зависност, така што, според студијата, се покажа дека преработената храна може намерно да се обработи за да предизвика зависност со додавање масти и рафинирани јаглехидрати, како што се шеќер и бело брашно - вели авторот студии на Ерик Шулте.

Истражувачите го проценија ризикот од зависност според скалата составена од водечкиот автор на студијата Ешли Герхарт и ја нарекоа скала за зависност од храна од Јеил.

Aко целата храна нема потенцијал да предизвика зависност, „клучно е да се разбере која храна го има тој потенцијал“, рече професор по психологија на Универзитетот Веслијан.

- Сите секогаш некаде брзаме и храната е се подостапна, но треба да бидеме внимателни што ќе зграбиме на патот - вели Робинсон. Тој објаснува дека неколку бадеми и „милкшејк“ можат да имаат ист број на калории, но нивните ефекти врз мозокот и „наградата“ се различни и веројатно ќе се вратите за „милкшејк“.

Многу од симптомите на зависност од храна изгледаат како зависност од дрога, вклучително и дека на луѓето им треба сè повеќе и повеќе за да го постигнат истиот ефект. Иако „ослободувањето“ од некои видови храна не е толку тешко како со хероин и кокаин, може да се појават раздразливост и вознемиреност.

И првиот чекор, исто како и со секоја зависност, е да признаеме дека има проблем, нагласува Робинсон

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата