Социјалните мрежи - се закон! ТВИТЕР ЌЕ МУ ЈА ДАДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА СМЕТКА НА БАЈДЕН, што и да прави Трамп

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Социјалните мрежи - се закон! ТВИТЕР ЌЕ МУ ЈА ДАДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА СМЕТКА НА БАЈДЕН, што и да прави Трамп
Твитер ќе му ја предаде контролата на претседателската Твитер сметка @POTUS на Џо Бајден откако ќе ја положи заклетвата за американскиот претседател, дури и ако Доналд Трамп не признае пораз, објавија американските медиуми.
 
Приватната сметка @realDonaldTrump, со околу 88 милиони следбеници, стана едно од најмоќните оружја на Трамп за јавно оспорување на резултатите од изборите, а официјалната сметка @POTUS се користи главно за пренесување на неговите соопштенија од приватните и има околу 32 милиони следбеници, пренесува Индекс .
 
Твитер претходно објави дека, откако Трамп „ќе се симне од функцијата“, тој ќе се однесува кон неговиот приватен профил, како и со сите други од кои се шират неточни информации.
 
Твитер долго време беше под притисок да ја ограничи употребата на Твитер платформата од страна на Трамп за ширење на теории на дезинформации и заговор.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата