КАКО ДА СЕ РАЗБЕРЕ ОВА: Сите страдаат од втор бран корона, САМО КИНЕЗИТЕ ЖИВЕАТ НОРМАЛНО

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО ДА СЕ РАЗБЕРЕ ОВА: Сите страдаат од втор бран корона, САМО КИНЕЗИТЕ ЖИВЕАТ НОРМАЛНО

Уште во август, кинеската влада даде специјално одобрување на компанијата „CanSino Biologic“ да ја администрира својата експериментална вакцина на припадниците на Народноослободителната армија на Кина.

Скоро милион луѓе досега ја примиле експерименталната вакцина изработена од кинеската фармацевтска компанија „Sinofarm“ како дел од програмата за итни случаи одобрена од кинеската влада и досега не се регистрирани никакви негативни ефекти меѓу примателите на оваа вакцина, соопшти управата на компанијата.

Шефот на „Sinofarm“, Лиу Џинџен, потврди дека вакцинирани се скоро милион луѓе – градежни работници, дипломати и студенти и дека никој нема посериозна негативна реакција на вакцината, објави CNN.

Тој изјави дека само на 6 ноември вакцината ја примиле дури 56 000 луѓе, кои потоа патувале во странство.

Лиу исто така потврди дека „Sinofarm“ ја спроведе третата фаза на клинички испитувања во која учествуваа скоро 60.000 луѓе од 10 земји, вклучувајќи ги ОАЕ, Бахреин, Египет, Јордан, Перу и Аргентина.

Бидејќи „Sinofarm“ има две различни вакцини, не е јасно за која вакцина зборуваше Лиѕ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата