Проф. Дејан Трајковски: Скопје, Штип и Свети Николе се најблиску до колективен имунитет

22.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Проф. Дејан Трајковски: Скопје, Штип и Свети Николе се најблиску до колективен имунитет

Според последните извештаи на општински ЦЈЗ од15.11.2020 година, Штип е најблиску до така наречен колективен имунитет од Ковид 19, а веднаш по него се Скопје и Свети Николе.

Анализата ја прави професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој од почетокот на епидемијата континуирано дава пресек на состојбата со Ковид 19, според бројките на заразени, оздравени и починати.

Кумулативната инциденца покажува колкав е вкупниот број на досега дијагностицирани на 100.000 жители. Секои 1000 претставуваат официјална прележаност од 1% на населението. Вистинската е веројатно 10 пати поголема. Тука најдалеку е Штип, по него Скопје и Свети Николе.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата