Еве ја прекрасната ќерка на новиот претседател на САД, Џо Бајден. Станува збор за Ешли Бајден, која воедно е и единственото дете на Џо и Џил Бајден. Ешли е позната како филантроп и активист која се залага за правата на животните.

Има студирано социјална политика на Универзитетот во Пенсилванија, а на еден од многуте проекти на кои има работено вклучувал и соработка со затвореници за време на нивна рехабилитација, проект при кој Ешли се залагаше да ги образува младите луѓет против насилството на бандите.

Исто така, слично како и Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател Доналд, и Ешли има сопствена модна линија, но за разлика од Трамп, заработката од модниот бренд, Ешли ја донира во хуманитарни цели.

Ешли е инаку во брак со евреинот Хауард Херин, кој по професија е пластичен хирург.

Најчитани вести