Демонстранти во Гватемала вчера ја запалија тамошната зграда на конгресот, по што полицијата ги растера, пренесува Би-Би-Си.

Нападот врз зградата на конгресот траел десетина минути, а во тоа време немало никој внатре.

Пожарникарите го изгаснаа пожарот и неколку лица побараа лекарска помош за вдишување на чадот. Остатокот од протестот беше релативно мирен.

Демонстранти протестираат против новиот буџет што го донесе Конгресот во средата вечерта.

Опозицијата смета дека новиот буџет им дава предност на големите инфраструктурни проекти што ги водат компании поврзани со владата, додека ги игнорира социјалните и економските последици од пандемијата на коронавирус.

Исто така, опозицијата смета дека образовниот и здравствениот дел од буџетот е премногу скратен.

извор: Makfax

Најчитани вести