Бруно Фернандеш од втор обид од белата точка погоди во 56. минута и обезбеди минимална победа за Манчестер Ј. во последниот денешен меч од 9. коло во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ одиграа добар меч, имаа многу повеќе од играта, но само неколку шанси за да постигнат уште некој гол. Сепак, пеналот на Португалецот беше доволен за да се потврди четвртата сезонска победа. ВБА и по деветтиот овосезонски настап во Премиер лигата е без победа.