Борусија (Д) опасно му се приближи на Баерн (М) на врвот на табелата во Бундеслигата, откако „милионерите“ славеа на гостувањето во Берлин против Херта со 5:2 и го искористија ремито на шампионот денеска против Вердер за да се приближат на само бод до европскиот шампион.

феноменална вечер во Берлин имаше „најдобриот млад играч за 2020 година“, Ерлинг Халанд, кој постигна 4 од вечерашните пет гола за гостите од Дортмунд. Интересно, домашните водеа на полувреме со 1:0 со голот на Куња, но во вториот дел Халанд тргна со „смртоносни“ напади и брзо го урна домаќинот. Еден гол за гостите постигна и Гвереро, додека и вториот гол за Херта беше дело на Куња, овој пат од пенал.

ХЕРТА – БОРУСИЈА (Д) 2:5 »

 

Standings provided by SofaScore LiveScore