Фудбалерот на Реал Мадрид Иско изразил желба да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок и ќе добие зелено светло за тоа, ако шпанскиот шампион добие добра понуда, тврди „АС“. Уморен од ветувањата на Зинедин Зидан за поголема минутажа, Иско смета дека е време да си замине од „Бернабеу“ и да си ја побара среќата во друга средина.

Во последните неколку денови имаше информации дека Иско може да оди во Евертон кај поранешниот тренер Карло Анчелоти и соиграчот Хамес Родригез, но италијанскиот стратег ги нарече тие информации „глупости“.

Реал сигурно нема да го пушти за помалку од 30 милиони евра. Неговиот договор со кралскиот клуб е до 2022 година.