Водителката Сузана МАнчиќ неодамна добила коментар дека е една од најбогатите омажени водителки, а сега се огласила по тој повод.
“Дали треба да се гордеам можеби сега? Јас и пред мажење бев најбогата водителка. Секогаш умеев да заработам пари, бев вредна и парите никогаш не ми биле проблем бидејќи секогаш многу заработував, па маж не ми беше потребен“, рекла таа.
Сузана во 2018 година се венчала со грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос, а на прашањето дали и помага финансиски, таа одговорила:
“Па кој маж не и помага на својата жена парично. Тоа прашајте ги овие денешни клинки кој ги помага, мене немојте за такви работи“, рекла Манчиќ.