Одбојкарите на Џио Струмица го добија големото дерби во домашното одбојкарско првенство. Струмичани славеа на гостувањето во Скопје против големиот ривал Вардар со 3:1 во сетови. Ова е седма последователна победа за Џио Струмица оваа сезона, со која го потврдија кандидатскиот статус за нова шампионска титула.

Момците на Кире Ричлиев во првите два сета одиграа концентрирано и правеа малку грешки. Ги искористија сите шанси на мрежа и дојдоа до предност од 2:0 во сетови, освојувајќи ги сетовите со 25:22 и 25:18.

Вардар успеа да се врати во игра во третиот сет во кој успеаја да слават со 25:18 и да дојдат до 2:1.

Сепак, Џио Струмица силно го почна четвртиот сет во кој дојде до 25:20 за конечни 3:1.