Екипата на Т.Пролет влезе во победнички ритам на домашен терен го совлада конкурентот за место во плеј-офот, тимот на Струга со убедливи 23-15 и го запиша четвртиот триумф оваа сезона.

Гостите се покажаа како незгоден противник во првото полувреме, во кое домашниот состав успеаја да го скршат отпорот пред одморот на кој заминаа со позитива од 12-10.

Во продолжение одбраната функционираше подобро, па ракометарите на Т.Пролет лесно го наметнаа своето темпо, стигнаа и до двоцифрена предност од 22-12, на крајот славеа со 23-15.

Давор Палевски со девет погодоци и Ласко Андоновски со пет гола беа прими имиња во редовите на победничкиот тим, на другата страна Јанкуловски, Димитријески и Николиќ имаа по три гола.