Бoлeн oд кopoнaвиpyc гo cпoдeлyвa иcкycтвoтo: “Caкaв дa ce тecтиpaм, ми peкoa „ДЕЧКО ХАОС Е, СНАОЃАЈ СЕ САМ”

21.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бoлeн oд кopoнaвиpyc гo cпoдeлyвa иcкycтвoтo: “Caкaв дa ce тecтиpaм, ми peкoa „ДЕЧКО ХАОС Е, СНАОЃАЈ СЕ САМ”

Прво, ова не е ова вирус туку ЛАМЈА! Воглавно бев со полесни симптоми, а се започна со силна мускулна болка, проследена со главоболка и кога следните 2 дена во кои бев драстично подобар и за моменти помислував дека не било ништо, односно ми паднал притисок или некоја си краткотрајна настинка, започна повторно влошување проследено со ринитис, почеток на губење на мирис, вкус, суво грло, малаксаност, а следниот ден буквално се почувствував како да ме прегазил воз, што веќе беа доволно причини да се самоизолирам, пишува на својот Фејсбук профил Марковски Љупчо од Крушево.

Тој во својата објава вели дека на матичниот лекар веднаш му се јавил.

„Веднаш исконтактирав со матичен лекар, му ја објаснувам состојбата, вика да, вирусот е, доколку не се влоши состојбата, односно не пројавиш покачена температура, седи дома! Прашувам, па како? Нешто решение за изолација, тестирање, да знам точно на што сум?

Ништо вели, тотален хаос е во здравството, не можам да ти закажам тестирање, доколку не можеме да потврдиме контакт не може ни да се издаде решение за изолација, па види ако можеш снајди се сам да си договориш во ЦЈЗ да те тестираат, или пак да најдеш инфектолог да ти напише упат за експресно тестирање. Одам во ЦЈЗ цел наоружан со КН95, визир капа, викам влошена ми е состојбата, скоро и 100 отсто ми е загубен мирисот, потребно ми е веднаш да се тестирам! Ништо вика дечко, џабе ти е, нема тестови, еве ти бројче, ќе си се јавиш па ќе си почекаш колку што ќе ти кажат, тестот ќе биде на приватно штом е по твоја иницијатива, инаку да знаеш ми вика може и матичниот да те закаже.

Е сега што, прашувам? Дајте ми барем решение за изолација да бидам на чисто! А вика, тоа ние не можеме, барај си го матичниот. Што треба сега да правам, со симптоми ли да се шетам? Си заминав. После ова, се обидов на вториот начин, односно одам на клиника да барам инфектолог, кога пред влезот, редица се чекаше како пред банка кога ќе пуштат пензии!

Некои постари луѓе едвај дишат, припаѓаат со симптоми, молат за да ги примат, обезбедувањето за жива глава не ги пушта внатре! “Така ни е наредено, ќе си чекате”. Одам дома, се јавувам повторно кај матичниот објаснувам и повторно барам од него да пробаме да најдиме можност за тестирање и повторно ист одговор, вика не можам да ти закажам! Спуштив и со денови како лудак по неколку пати дневно ѕвонев на бројчето што ми го дадоа во ЦЈЗ. Одговор ни за жива глава, за после 5-ти ден да кренат и да ми закажат тест за по 8 дена. Им викам невозможно е, па до тогаш ќе го прележам, веќе помина повеке од недела дена од појавата на симптоми. Што да правиме дечко, ми велат, тоа е ќе си чекаш. Сакам да кажам, иако веќе многу пред мене тоа го кажаа! Сум бил и дел од здравствениот систем и многу добро тоа го знам, со глава тврдам дека ниту во нормални услови не е ништо под контрола, така што немојте да верувате во оние банални и тривијални изјави на Филипче и неговите ботови кои му аплаудираат, дека СЕ Е ПОД КОНТРОЛА, тотален колапс е дечки и се е надвор од контрола, односно ниту државниот апарат нешто контролира, ниту здравствениот систем!

Доколку дојдете во ваква ситуација, тргнете од тоа дека никој не стои зад вас и сте оставени на самите себе, за да не лутате како јас. Филипче во моментов е во улога на политичар и мора да дава такви изјави, а ако не се убедивте во изминативе 30 години дека политичарите лажат, јас воопшто немам намера да ве убедувам. Се сеќавате на оние несреќни изјави кога бараше гласови за време на изборната кампања за успешно да продолжел да ја менаџира пандемијата. Види бога ти, многу успешно ти оди! Останатиот период се до тестирање останав дома, сам во 4 ѕида со парацетамол во прашок и витамин Ц. Состојбата се менуваше, но вирусот од она што можев да проценам не се спушти никогаш надолу, односно остана во горниот респираторен систем. Така што немав поголеми проблеми со дишење, температура и сл. И совет за вас асимптоматски или со лесни симптоми. Не читајте секоја една будала што отворила портал и што презема секакви пропагандни глупости дека сумамед, панцеф или било кој антибиотик се зема превентивно, не се тоа тик так бонбончиња, во телото постои нормална микро флора која се бори против инфекции, антибиотикот уништува се, така што може само да ја искомплицирате работата! Затоа постои наука, затоа постојат луѓе како Вело, Никола Пановски, кои цел живот го посветиле на ова, затоа постојат и микробиолози кои подготвуваат антибиограми. Така што и во тешки случаи не може од ракав да се тврди дека секаде ќе делува сумамед. Немојте да трошите пари за бетаглукани и имуно стимулатори! Веќе е доцна за билдање на имунитет, тоа ти е како на зарибан автомобил да дотураш бензин. Тие што се потешки случаи, доколку имаат пари, итно во приватна клиника, сметајте дека немате врски како некој си таму функционери или тие неколку пратеници што итно им најдоа кревет во преполна Инфективна клиника. Чекањето чини живот. А вас ќе ве остават да умрете и само ќе бидете заведени како статистика!

Во периодот кој што следеше, оставен сам на себе, да бев не одговорен можев комплетно да се шетам на секаде и знајте дека има, ако не илјадници, стотици случаи како мене кои се вртат наоколу, по маркети, продавници, кафулиња, одат на работа….. Буквално на секаде ги има и воопшто не се ни тестираат откако ќе добијат одговор од институциите каков што добив јас. Статистиката која ја гледате е ирелевантна, односно моќта на здравството ни е толкава што бројот на дневно ниво сигурно би бил барем 10 пати поголем доколку навремено успеат да ги тестираат сите што ќе се пријават. Да резимираме, следете наука, сега имате широк дијапазон на информации. Не читајте секаква пропаганда дека вирусот растел на пластика, се размножувал на железо и слични глупости. Носете маски и избегнувајте контакти, тоа е најбитно“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата