Италија одобри 10 милијарди евра помош за компаниите погодени од пандемијата

21.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италија одобри 10 милијарди евра помош за компаниите погодени од пандемијата

Италијанската влада одобри пакет помош од 10 милијарди евра за компаниите погодени од вториот бран на пандемијата на коронавирус, објави Ројтерс.

Според мерките донесени вчера вечерта, Рим веднаш ќе понуди неповратни 1,95 милијарди евра за бизниси и помош во храна за сиромашните.

Владата подготвува дополнителни осум милијарди евра за постојните програми за помош.

Италија, поради затворањето на земјата со цел борба против епидемијата, годинава очекува економски пад од најмалку девет проценти. Министерството за финансии додава дека новите мерки не треба да го туркаат буџетскиот дефицит оваа година над сегашните 10,8 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Владата има намера да потроши дополнителни 15 до 20 милијарди евра за да и помогне на економијата на почетокот на следната година.

Според Министерството за здравство, Италија вчера регистрирала 37.242 нови случаи на инфекција и 699 смртни случаи од ковид-19.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата