Македонскиот голман Никола Митревски имаше феноменален меч и е и е најзаслужен за триумфот на Порто на гостувањето кај Спортинг во Лисабон.

Порто имаше негатива 11:10, а потоа на голот застана Митревски кој што на крајот дојде до 14 одбрани, од 27 удари, додека Спортинг постигна четири гола на празна мрежа.

На крајот тимот на Митревски дојде до триумф 33:27, и му го нанесе на Спортинг првиот пораз во сезоната.