Поради ова Словенците се дигнале на нозе, а случајот стигнал и до парламентот: Казнет е бидејќи јадел бурек без маска (ДЕТАЛИ)

21.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради ова Словенците се дигнале на нозе, а случајот стигнал и до парламентот: Казнет е бидејќи јадел бурек без маска (ДЕТАЛИ)

Случај на анонимен доставувач на храна кој е казнет со казна од 400 евра бидејќи во време "lockdowna" во центарот на Љубљана, во пауза од работа седнал ја симнал маската наводно нарзина да појадува, прераснал во социјален но и политички театар откако сликата од призорот станала вирална на социјалните мрежи, а за случајот расправал и парламентот.

Овој случај во Словенија се третира како илустрација дека некои преземени мерки против корона вирус се апсурдни и претерани, а казнувањето е дискраминирачко, бидејќи во јавноста се појавуваат и политичари без маски.

Полицијата пак тврди дека казнувањето било законски оправдано бидејќи прекршителот не носел маска на отворен јавен простор, како што е пропишано.

Од друга страна, пекарата во Љубљана, во близина каде што се случил спорниот инцидент, рекла дека таа ќе ја плати казната ако се докаже дека момчето го јдел нивниот бурек.

- Го бараме славниот доставувач за храна кој минатиот викенд во Љубљана платил казна поради конзумирање храна на скалите пред црквата Фрањо. Ако се покаже дека тоа е наш бурек, подготвени сме да му помогнеме во плаќање на казната – објавила познатата љубљанска бурегчилница на социјалните мрежи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата