Заев: БУГАРИЈА НЕПРИЈАТНО МЕ ИЗНЕНАДИ

21.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: БУГАРИЈА НЕПРИЈАТНО МЕ ИЗНЕНАДИ

Новата блокада на Бугарија за нашите соништа за влез во Европската Унија е спротивна на вредностите на блокот и предизвика „голема горчина кај нас“, изјави премиерот Зоран Заев за АФП.

Говорејќи за време на интервју во Скопје, 46-годишниот премиер изрази жалење за „непријатното изненадување“ што го доживеал кога Бугарија го употреби ветото за стопирање на напредокот во преговорите за пристап на Македонија во ЕУ оваа недела.

Заев рече дека секое доведување на македонскиот идентитет во прашање е „црвена линија“.

„Тоа е прашање на самоопределување“, што е во срцето на европскиот проект, рече тој за АФП. „Постои апсурдност во целиот проблем.“

„Ние покажавме колку веруваме во европските вредности“, рече Заев, повикувајќи се на болниот компромис за промената на името.

„И сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности – нив ги нема.“

Заев рече дека верува оти за историските работи треба првенствено да работат „историчарите“, но дека е важно да се потенцираат и договорите што ги постигнала Комисијата во некои области.

„Создаден е голем гнев од обете страни, меѓу братските народи што живеат од двете страни на границата“, рече тој за АФП.

Но тој инсистира на тоа дека сепак верува дека е можен чекор напред.

„Верувам многу во европските вредности, можеби многу повеќе од некои поединци во ЕУ“, рече Заев за АФП.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата