ПОЧНАВ ДА ГО ИЗНЕВЕРУВАМ МАЖОТ И ТОА МИ ГО СПАСИ БРАКОТ: Добив она што ми недостасуваше и тоа во обилни количини

20.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЧНАВ ДА ГО ИЗНЕВЕРУВАМ МАЖОТ И ТОА МИ ГО СПАСИ БРАКОТ: Добив она што ми недостасуваше и тоа во обилни количини

“Од минатата година почнав да спијам со други мажи и се чуствувам феноменално...“

Многу луѓе се одлучуваат на брак дури откога ќе сватат дека тоа е нешто што ќе трае цел живот и кога се сигурни дека нивниот избраник или избраничка е идеален за нив.

Меѓутоа често се случува, само после неколку години, сето тоа да се сруши и бракот да заврши.

Причините се од различна природа, а недостаток од сексуална возбуда е една од причините, некои луѓе остануваат во бракови, а сексуалните потреби ги задоволуваат на страна...

Една жена открива дека навистина го сака својот маж и дека никогаш не би го оставила, но дека тој неможе да и ги исполни нејзините потреби во сексуална смисла, со што морала да најде решение за тоа.

“Со својот маж, кој го сакам многу, веќе сме 14 години во брак. Пред него имав многу активен сексуален живот, а тој никогаш не беше премногу заитересиран за секс“, ја започнува оваа своја исповед.

Последните неколку години нивниот сексуален живот потполно спалнал.

“За последните пет години имавме секс само неколку пати. Тој има проблеми со грбот и веќе ја нема онаа минимална иницијатива за секс, која некогаш ја имаше. Се обидував да разговарам со него, одевме неколку пати на терапија, но се залудно“, вели таа.

Поради тоа, таа одлучила нешто да промени во својот живот.

“Од минатата година почнав да спијам со други мажи и се чуствувам феноменално. Мојот маж не знае ништо за тоа и тоа ми одговара. Не сакам да го оставам, но потребен ми е секс. Ми се чини дека сега станав подобра сопруга, бидејќи не сум повеќе фрустрирана и незадоволна“.

Додава дека не чуствува вина за тоа што го прави, бидејќи таа нејзина одлука не дошла наеднаш, преку ноќ, туку е предизвикана од неговата индиферентност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата