КАКО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ СТАНА ЗАТВОР ЗА ТАЈКУНИ: По 3 години откриено што се случило во кобната ноќ

19.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКО ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ СТАНА ЗАТВОР ЗА ТАЈКУНИ: По 3 години откриено што се случило во кобната ноќ

На почетокот на ноември 2017 година, речиси 400 најмоќни луѓе од Саудиска Арабија, меѓу нив принцови, тајкуни и министри, беа повикани и приведени во хотелот Риц-Карлтон во Ријад. Тоа подоцна се испостави како најголемата и најконтроверзната „чистка“ во историјата на современото кралство.

Апсења ги потресоа темелите на саудиското општество, веднаш ги претворија недопирливите личности во мети за апсење. Нивните статуси биле одфрлени, имотот им бил одземен, а деловните империи исчезнале. Конвенционалниот пакт меѓу државата и нејзината влијателна елита беше растргнат преку ноќ, пишува Гардијан.

Сега водечките фигури кои беа притворени во тој притвор откриваат детали за тоа што се случило. Поранешните притвореници, од кои на многумина им е одземено богатството, зборуваа за сцени на тортура и принуда.

Извештаите за она што се случило во „Риц“ доаѓаат од едни од најстарите саудиски бизнисмени, кои тврдат дека биле тепани и заплашувани од полицијата под надзор на двајца министри, двајцата блиски до човекот кој наредил чистка, принцот престолонаследник Мухамед бин Салман.

Откритијата беа објавени на третата годишнина од притворот и во пресрет на самитот на Г20 во Ријад викендов.

Што се случуваше во хотелот

Апсењата во „Риц“ често започнуваа со телефонски повик. Едно лице ќе беше покането на состанок со принцот Мохамед или самиот крал Салман. Во друг случај, двајца истакнати бизнисмени рекоа дека им било речено да се состанат дома и да чекаат советникот на кралскиот двор да им се придружи. Наместо тоа, се појавија државните службеници за безбедност и ги однесоа во затвор со пет ѕвездички, каде ги чекаа чувари и високи соработници.

- Првата вечер на сите им беа врзани очите и скоро сите беа подложени на она што египетската разузнавачка служба го нарекува „ноќно тепање“ - изјави извор близок до информациите за тоа што се случило.

- Луѓето беа прашувани дали знаат зошто се таму. Никој не знаеше. Повеќето беа претепани, некои и сериозно. Имаше луѓе врзани за ѕидовите, во стресни позиции. Тоа траеше со часови, а сите што ги мачеа беа Саудијци. Тој беше смислено да ги омекне, а потоа испитувачите пристигнаа следниот ден - додаде тој.

Тој додава дека во тоа време, уапсените биле разделени во простории во хотелот, кој една година претходно бил на местото на амбициозниот план „Визија 2030“ на принцот Мохамед, за  реорганизација на саудиското општество.

Се покажало дека испитувачите биле многу лоши кога станува збор за работи во странство.

Некои притвореници пријавиле дека им се заканувале со објавување приватни информации, како што се вонбрачни врски или деловни односи.

Извор близок до настаните во „Риц“ тврди дека од уапсените било побарано да контактираат со вработените во банката во Женева и да бараат големи суми пари.

- Висок банкарски извор, неименуван, рече дека лидерите на швајцарскиот банкарски сектор започнале истрага по нередовни трансакции во тоа време. Се чини дека многу трансфери беа извршени под присила. Некои барања беа запрени затоа што не беа рутински, но некои поминаа - вели тој.

Според него многу од уапсените биле збунети зошто се таму.

- Тие често немаа идеја што бараат. Во некои случаи, ова стана вистинска уцена затоа што некои од приведените одбија да потпишат нешто. Немаше соодветна постапка. Во саудискиот судски систем нема договор за признавање вина и тоа беше она што тие се обидоа да го спроведат - вели изворот.

Три години подоцна, принцот Мухамед продолжува да инсистира на тоа дека сите лишени од богатство се виновни за корупција. Саудиските власти тврдат дека од 87 лица, 107 милијарди долари биле одземени и вратени во саудиската каса.

Извори кои зборувале за „Гардијан“ тврдат дека била запленета многу помала бројка од 28 милијарди долари.

- Ова беше за зајакнување на неговото владеење - наведуваат изворите и додаваат дека дури и некои чувари од „Риц“ учествувале во убиството на новинарот Џамал Кашоги.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата