„Претпоставените не превзедоа ништо“: Наредничка од армијата на САД се САМОУБИ ПОСЛЕ ГРУПНОТО СИЛУВАЊЕ

19.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Претпоставените не превзедоа ништо“: Наредничка од армијата на САД се САМОУБИ ПОСЛЕ ГРУПНОТО СИЛУВАЊЕ

Наредничка посветена на Националната гарда на САД се самоуби по повеќекратни сексуални напади од страна на нејзините колеги во војската.

Наредничката Морган Робинсон изврши самоубиство во 2018 година на 29-годишна возраст. Две години претходно таа била сексуално нападната додека била стационирана во Кувајт во 2016 година, а четири месеци пред смртта била групно силувана за време на воената мисија во Авганистан.

Мајката на покојната наредничка, Деби Робинсон јавно проговори за она што го нарекува апсолутен недостаток на правда и одговорност за ужасот што го претрпе нејзината ќерка.

Немањето волја да се прекинат злоставувањата и го одзеде животот нејзе, тврди Деби.

Таа додава дека од рана возраст Морган сакала да служи во американската војска и кога наполнила 21 година се запишала во Националната гарда.

Кога ја испратија на првата мисија на Блискиот исток, таа не се соочи со ужасот на бојното поле или во рацете на непријателот, туку беше сексуално напаѓана постојано од еден од нејзините претпоставени, вели нејзината мајка.

Кога Морган се обиде да ги пријави сексуални напади на претпоставениот, раководителите не презедоа ништо за да го осудат насилството или да и понудат заштита. Морган, која имаше едно дете дома и беше верена беше испратен во Авганистан со истото распоредување.

Кога стигнала таму, била групно силувана од неколку војници. Разочарана и преплашена од грозоморниот чин, четири месеци подоцна Морган се самоубила.

Деби знаеше дека нејзината ќерка се плашела да го пријави силувањето „затоа што и се заканувале“.

Тоа беше втор пат. Знаеше дека нема да оди никаде. Ништо не беше превземено во врска со нападот во Кувајт, така што ништо немаше да се превземе ниту за овој во Авганистан, објасни Деби.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата