Озлогласениот британски педофил е убиен во својата ќелија од страна на затвореник. Затвореникот пред судот рекол дека ќе продолжел да убива и други затвореници, но многу се забавувал со екстремното насилство врз Ричард Хакл.

Властите соопштија дека Хакл бил силуван и задавен до смрт во добро планираниот напад на затвореникот Пол Фицгералд.

30-годишниот напаѓач пред британскиот суд во Хал рече дека сакал неговата жртва „да го почувствува она што чуствувале децата кои ги силувал“.

Хакл издржувал 22 доживотни затворски казни за сексуален напад врз најмалку 191 дете додека волонтирал во сиропиталишта во Малезија и Камбоџа.

Фицџералд, кој исто така е осуден за сексуален напад, го задавил 33-годишникот, му ставил пенкало во носот додека не му го прободе мозокот и го силувал со кујнски предмет.

Хакл бил погоден и во вратот со оружје направено со штраф ставен во стопена четка за заби.

Двајца затворски чувари набрзина дошле на местото на настанот и го нашле Фитцгералд како го дави Хакл, а напаѓачот нешто му шепотеше на увото на неговата жртва, но чуватите не успеаа да ги   разберат зборовите.
Во едно од дадените интервјуа, Фицгералд рече дека неговиот напад е „поетска правда“, пренесува BBC.

Најчитани вести