ТРАГЕДИЈА: Уште еден лекар почина како последица на коронавирусот

19.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА: Уште еден лекар почина како последица на коронавирусот

Коронавирусот продолжува да коси низ земјава, а се повеќе пациенти ја губат битката со смртоносниот вирус.

Денеска на социјалните мрежи граѓаните се простуваат со уште еден здравствен работник кој ја загубил битката со вирусот.

Уште еден здравствен работник го положи животот пред професијата… Уште еден колега ни зема вирусот. Неѓо почивај во мир ќе те паметиме каков што беше секогаш насмен, расположен, голем другар. Ќе ни фалиш Неуро…, стои во еден од статусите на социјалните мрежи.

Инаку пред само една недела од смртоносниот вирус Ковид 19 почина и 49-годишен лекар од Куманово. Станува збор за интернистот, Шкури Фазлији.

Д-р Фазлији, кој бил во тешка здравствена состојба, три дена се лекувал на Клиниката за инфективни и фебрилни болесто ви Скопје.

Тој зад себе оставил ќерка и два сина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата