Овие витамини ќе ви помогнат да спречите респираторни инфекции

19.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Овие витамини ќе ви помогнат да спречите респираторни инфекции

Респираторните инфекции се една од најчестите причини заради која пациентите, особено во есенско-зимскиот период се јавуваат кај својот матичен лекар.

Најчесто како дополнителни симптоми се јавуваат и болки во мускулите, покачена телесна температура, мачнина и губење на апетитот, а доколку не се третираат на време можни се и компликации. Причини заради кои, докторите препорачуваат да се внимава на исхраната, која може да биде заштитник од респираторните инфекции.

Витамини кои помагаат при превенција од респираторни инфекции:

Витамин Ц

Добар извор на витаминот Ц се лимонот, портокалот, грејпфрутот, брокулите, киселата зелка, кивито и листот од магданосот. Овој витамин му помога на организмот да го апсорбира железото од намирниците кои се конзумираат. А според некои медицински анализи го намалува и времетраењето на настинката.

Витамин Д

Овој витамин најмногу го има во жолчката, помасните риби и црниот дроб. Бидејќи многу малку го внесуваме со исхраната, се препорачува да се купат витамин Д таблетки и редовно да се конзумираат.

Витамин Е

Овој витамин најмногу помага во борбата против инфекциите на горните дишни патишта. Најмногу го има во: риби, житни растенија, јаткасти плодови, семки од тиква, репка и зелје.

Витамин А

Витамин кој е вклучен во процесите во текот на кои белите крвни зрнца се борат против инфекции. Најмногу е застапен во: јајцата, месото млекото и млечните производи, кајсијата, компирот, спанаќот и доматот.

Исто така, при респираторни инфекции се препорачува и проветрување на просториите, умерена секојдневна физичка активност, разновидна и урамнотежена исхрана, а за евентуална употреба на суплименти консултирајте се со лекарот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата