Српски медиуми: ЗАЕВ ЏАБЕ ЈА ПРОДАДЕ ДРЖАВАТА, срушени му се соништата

18.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српски медиуми: ЗАЕВ ЏАБЕ ЈА ПРОДАДЕ ДРЖАВАТА, срушени му се соништата

Српски Ало, бугарското вето за отпочнување преговори на Македонија со ЕУ, го коментира како залудно продавање на државата од страна на премиерот Зоран Заев и додава дека шефовите на ЕУ го излажале.

- Премиерот Зоран Заев рече дека одбивањето на Бугарија да ја одобри рамката за преговори за Македонија е најголемиот пораз за ЕУ, пренесе МИА. Во интервју за ТВ21, Заев рече дека Македонија покажа дека ги претставува европските вредности потпишувајќи го Договорот за пријателство со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција и посочи дека Европа не возвратила со иста мерка, кога е на ред, пишува Ало.

Поралот потсетува на изјавата на премиерот Заев дека се уште се можни опции што ќе овозможат меѓувладина конференција да се одржи во декември.

Дали ќе ја прифати Македонија во ЕУ?

Владата, вклучително и јас, Собранието и македонскиот народ треба да продолжат да го негуваат духот на градење пријателски односи, дијалог и дебата и да избегнуваат конфликти, посочи Заев. 

Ало потсетува на изјавата на Заев  дека му било многу тешко да го прифати ветото на Бугарија и дека е убеден дека тоа не го сакаат бугарскиот народ и премиерот Бојко Борисов.

Заев смета дека биле направени вакви чекори пред изборите во Бугарија и дека на земјата треба да и се даде уште една шанса бидејќи има уште други опции.

Двете земји ќе продолжат да бараат решение во духот на почит и пријателство, посочи Заев.

Тој повтори дека решението може да се најде до крајот на декември, додека Германија е претседател на ЕУ.

Нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, потенцираше Заев и додаде дека земјата ќе продолжи да го следи тој пат.

Извор: Ало.рс

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата