Телма: ЛЕЛЕЦИ,КРИКОВИ И ПЛАЧ - Атмосферата пред Ковид болницата во „8 Септември“ траорна

14.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телма: ЛЕЛЕЦИ,КРИКОВИ И ПЛАЧ - Атмосферата пред Ковид болницата во „8 Септември“ траорна

Лелеци, крикови, солзи и плач – ваква траорна атмосфера не пречека пред Ковид болницата во „8 Септември“. Нервозни роднини на починати пациенти од ковид 19, со солзи во очите бараат информации од медицинскиот перонал за смртта на најблиските. Напнатост и нервоза лебди во воздухот, но не се ретки и вербални закани кон медицинските лица кои се на раб и на физичка пресметка, објавува телевизија Телма.

И ноќеска тука имало инцидент- роднина на пациент нападнал медицинска сестра во лабараторија. Директорот Кристијан Костов вели – медицинскиот лице го даваат максимумот, уморни се од пандемијата и макотрпната работа за спас на човечки животи, и ниту едно лице до сега на кое му била потребна помош не останало незгрижено. Ја разбира и нервозата кај пациентите.

По 200-те потешки пациенти дневно прегледуваат докторите во овој Ковид центар. Граѓаните во редици чекаат да стигнат до доктор. Во погледот им искри страв и наеж дека ќе го избегнат најлошото.Тука секојдневно до максимум се исполнети и болничките кревети – капацитетот е 80 легла, а Костов очекува набрзо да стигнат до 100 кревети за најкритичните пациенти. Брзата Помош овде ги носи најтешките случаи од инфективните одделенија од внатрешноста. А од денеска се поставува мобилен шатор со клупи и греење каде заразените со Ковид 19 вирусот ќе може да чекаат за преглед.

Министерот Филипче пак е дециден дека интерните клиники се подготвени за прием на пациенти, а лекарите се целосно мобилизирани. Одговорно тврди дека во болницата „8 Септември“ се консултираат анестезиолози кога се поставуваат лица на респиратор.

Во последните 24 часа пак во Kовид-центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нов пациент поради компликации од коронавирусот, a пуштени се дома како оздравени 35 лица. Бројките на Министерството за здравство покажуваат дека вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени пациенти за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Новиот резервоар пак за течен гас, во 8 септември е наменет да опслужи кислородна поддршка на 200 пацинети. Се очекува напливот од болни и капацитетите за прием да растат- наделжните пак се уверени дека се подготвени и за најлошото.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата