ПЕЈАЧКАТА СОСТАВИЛА ТЕСТАМЕНТ: Лепа Лукиќ целиот имот го остава на него, доколку биде исполнет посебен услов

14.11.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПЕЈАЧКАТА СОСТАВИЛА ТЕСТАМЕНТ: Лепа Лукиќ целиот имот го остава на него, доколку биде исполнет посебен услов

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има посебна желба, тој да се грижи за нејзината љубимица Маза. Доколку добро се грижи за мачето, тој ќе добие ресторан, два стана, куќа.

“Во тестаментот напишав, дека мојт внук мора да се грижи за мачката, ако јас заминам пред неа. Радисав треба да ја чува Маза, да ја пази, мази и ќе наследи се што стекнав за време на животот. Сето тоа стои во документот кој го чува мојот адвокат“, вели Лепа Лукиќ.

Бидејќи никогаш немала деца, Маза на Лепа и е како ќерка.

“Таа е чудо од мачка, ја доживувам како свое дете. Затоа сакав да ја згрижам и да знам дека ќе и биде добро кога ќе заминам на оној свет. Од 2011 ние двете живееме заедно како мајка и ќерка“, раскажала пејачката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата